Пет земјотреси во Грција во последните 48 часа

од Nikola Popovski
363 прегледи

Нов земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала го погоди грчкиот остров Крит, по што следел малку послаб од 4,2 степени.

Институтот за геодинамика соопшти дека земјотресот се случил во 20 часот и 59 минути, на околу 25 километри северозападно од првиот, на длабочина од 6,3 километри. Две минути подоцна следел нов последователен потрес со јачина од 4,2 степени.

Михалис Еротокритос, градоначалник на малиот остров Касос, најблиску до епицентарот, изјави за државната новинска агенција АМНА дека ниту една зграда не е оштетена во ниту еден земјотрес и дека населението не е загрижено.

Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, во последните два дена се регистрирани пет земјотреси само во близина на Крит.

Претходно, како што објави „Катимерини“, земјотрес од 5,2 степени по Рихтер источно од Крит на длабочина од девет километри е регистриран во 17.15 часот, како и земјотрес западно од Атина, со јачина од четири степени по истата скала.

Фото: Wf Sihardian—EyeEm/Getty Images

Слични содржини