Петар Грашо за семејството: „Се трудам да бидам добар родител и партнер, ѝ пеам на Алба“

од Stefanija Kuzmanovska
261 прегледи

Пејачот Петар Грашо и неговата сопруга Хана Хуљиќ станаа родители во јули оваа година.

Петар и Хана ја чуваат приватноста, а покрај успешната кариера, и двајцата се посветени на семејството.

„Во текот на мојот живот, семејството отсекогаш било јадрото и почетната точка на се, како и пристаништето во кое се враќам. Се трудам да бидам добар родител и партнер. Кога те води љубовта, добрите работи се случуваат сами по себе“, рече Грашо.

Неговиот таст, популарниот музичар Тончи Хуљиќ, во еден момент му замери дека работи цело лето, речиси без слободен ден.

„Со оглед на тоа што нон-стоп сум на пат, немав премногу задачи или можности да се докажам. Но, верувам дека сум грижлив и посветен. Се надевам дека ќе напредувам и во тоа прашање“, изјавил пејачот за татковството, а пренесува „Блиц“.

Многу генерации пораснаа со неговите песни, а на неговиот глас веќе реагира дури и неговата ќерка Алба.

„Ѝ потпевнувам додека ја заспивам, досега ѝ се допаѓа мојот глас. Се надевам дека така ќе биде и кога ќе порасне“, изјави Петар, кој неодамна закажа концерт во белградска арена.

„Исклучително сум среќен што Арена се продава многу добро. Белград е единствениот град во регионот каде што не сум свирел во Арената. Годинава по две распродадени Арени во Загреб, Сплит, Марибор, Скопје, ова ќе биде шлаг на тортата“, изјави пејачот за претстојниот концерт, а потоа продолжи:

„Иако оваа работа понекогаш е заморна, јас навистина обожавам да свирам. Ова е нашата најпрометна година досега, но колку и да е исцрпувачка, толку е поубаво да се свири пред полни плоштади и арени. Се трудам да останам здрав со земање многу витамини и одење во теретана кога имам слободно време. Да не заборавиме 2-3 чаши црвено вино со оброкот“.

Слични содржини