Петдневно затворање на маркетите е доволно за компаниите, смета Трајковски

од Nikola Popovski
610 прегледи

Во саботата беа извршени над 50 надзори од страна на ДПИ и се затворија пет големи ланци на маркети по Законот за потрошувачи, односно по нечесни трговски практики. Тоа нема да го дозволиме и истото ќе се случи со секој што нема да ги почитува мерките, изјави денеска директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски за непочитувањето на гарантираната цена на основните прехбранбени производи.

Трајковски додаде дека и седум маркети се казнети.

Затворањето е од 2 до 30 дена. Не е нашата цел да ги затвориме сите маркети во државата, туку целта е сериозно да си пристапат и да не оставаат простор. Да си ги средат работите и да ги почитуваат одлуките. Доколку повторно увидиме нечесни трговски практики, ќе ги затвораме и другите трговски ланци. Петдневно затворање е доволно за овие компании, истакна Трајковски денеска при посетата на компанијата „Алма М“ во Визбегово, каде беше во присуство на премиерот Димитар Ковачевски и министерот за економија, Крешник Бектеши.

Бектеши денеска обелодени дека објекти од маркетите „Веро“ и „Вива фреш“ се затворени поради тоа што не ја почитувале одлуката на Владата за продавање на производи по гарантирана цена.

Слични содржини