Петер: ЕВН интензивно вложува во промовирање на родовата еднаквост во и надвор од компанијата

од Vladimir Zorba
145 прегледи

Нашата компанија интензивно вложува во промовирање на родовата еднаквост во и надвор од компанијата во тек на изминатава деценија. Со овој предизвик сакаме да ги поттикнеме младите жени да бидат повеќе вклучени во енергетскиот сектор. Развивме приспособена осумнеделна програма која комбинира дигитални и научни теми кои се најважните вештини потребни на пазарот на труд во денешно време. Би сакале да им дадеме можност на девојчињата кои учат во 3та и 4та година во средните училишта да научат нешто исклучително корисно на забавен начин со опција на крајот да бидат наградени со парична стипендија, вели Претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, Штефан Петер.

Со учеството, според него, ученичките ќе стекнат и развиваат вештини за иднината, како што се креативност, тимска работа, критичко размислување, решавање проблеми и стекнување или надградба на нивните дигитални вештини.

-Очекуваме ученичките да бидат мотивирани да го продолжат своето образование и кариера во СТЕМ областа што претставува кратенка од Наука, Технологија, Инженерство и Математика (STEM – Science, Technology, Engineering, and Mathematics), каде би придонеле за поголема разновидност и квалитет во повеќе научни области, вели тој во интервјуто.
.

Слични содржини