Во документот се истакнува дека милијардерот од унгарско потекло е “закана за слободниот свет.

Петиција за издавање на меѓународна потерница на милијардерот Џорџ Сорос е објавена на сајтот на Белата куќа. Таа е формирана на 21 јануари од лице со иницијали A.B. Целта е до 20 февруари да бидат собрани 100 000 потписи за да биде обврзана американската администрација да го разгледа поставеното прашање.
Во петицијата се тврди дека Џорџ Сорос е “закана за слободниот свет” и “пречка Америка да стане повторно моќна”.
Според авторот на петицијата Сорос “подкрепува немири во големите американски градови”, “се обидува да манипулира со демократските избори преку донации на милиони долари во полза на неговите кандидати”.
Се тврди уште дека Џорџ Сорос “сака да го ограничи американскиот суверенитет. Во неговите сопствени зборови”: “САД се најголемата пречка за воспоставување на стабилен и праведен светски поредок. Промената на односот и политиката на САД е мојот главен приоритет.”
Се споменуваат и финансиските шпекулации на магнатот, како резултат на кои во есента 1992 година Лондон беше принуден да ја повлече британската фунта од европскиот монетарен систем.