Повеќе од 360.000 луѓе во светот се потпишаа на онлајн петицијата за одземање на Нобеловата награда за мир на Аунг Сан Су Кји, која е критикувана за управувањето со кризата во Мајанмар, но Нобеловиот комитет вели дека не може да се одземе наградата.

Според потпишниците на петцијата, Су Кји, која дефакто управува со Мјанмар, до сега ништо не направила за да го запре злосторството против човештвото во таа земја.
Обединетите нации денеска соопштија дека околу 146.000 луѓе, главно припадници на муслиманското малцинство Рохинџи, избегале во Бангладеш, откако на 25 август изби насилство во Мјанмар.
Во Нобеловиот комитет во Осло, денеска рекоа дека според статутот не можат да одземат веќе доделена награда, а според генералниот секретар Олав Нелстад, наградата се доделува за достигнувања до тогаш не потоа.
Мјанмарската опозиционерка Су Кји ја доби Нобеловата награда за мир во 1991 година, а официјално ја прими во 2012 година, затоа што 20 години беше во куќен притвор во земјата.