Петков: Бугарското собрание донесе историска одлука

од Nikola Popovski
269 прегледи

Бугарскиот премиер во заминување, Кирил Петков ја поздрави одлуката на Бугарското национално собрание за прифаќање на францускиот предлог за спорот со Македонија, кој беше усвоен со дополнети услови.

-Денеска Бугарското собрание денеска донесе историска одлука со која се даде зелено светло за францускиот предлог за пристапување на Северна Македонија во ЕУ. Интеграцијата на Западен Балкан е од стратешки интерес за ЕУ, напиша Петков на Фејсбук.

Одлуката на Националното собрание во суштина е францускиот предлог, со формулацијата на партијата Демократска Бугарија, која беше одобрена од пленарната сала. За неа гласаа 170 пратеници од партиите ПП, ГЕРБ, ДПС и ДБ. Тие беа поддржани со двајца од шестте пратеници од ИТН, кои беа исклучени од партијата.

Во одлуката на Собранието се вели: Народното собрание ги потврдува условите под кои Бугарија може да поддржи каков било чекор во процесот на европска интеграција на Северна Македонија, и тоа ефикасно имплементирање на Договорот за добрососедство, европски гаранции дека бугарските услови ќе биде исполнети, гаранција за правата на Бугарите во Македонија со нивното вклучување во Уставот и дека ништо во пристапниот процес на Македонија нема да биде протолкувано како признавање на македонскиот јазик од страна на Бугарија.

За овие точки бугарското Собрание потенцира дека бара да има европски гаранции за нивно исполнување.

Слични содржини