Верувам дека нашиот заеднички интерес со претседателот Радев е за доброто на Бугарија. Ние како Бугари треба да се запрашаме што сакаме од нашите односи со соседите, изјавил денес бугарскиот премиер Кирил Петков.
Според него, потврден е заедничкиот став за Македонија.
-Кога овој став не е поврзан само со дел од нашите заеднички односи, авиолинијата до Скопје, бизнисот, железницата, одеднаш сите се поспремни да разговараат за целата можност на целата рамка на добрососедство. Верувам дека новиот пристап и желба за добрососедство е добредојден и од РС Македонија, рекол Петков.
Бугарскиот премиер смета дека има сили во Бугарија и Македонија кои не сакаат да имаат добрососедство на Балканот.
-Но, кога имаме јасна визија, не треба да не потресуваат провокации. За надворешната политика на нашите односи сме одговорни Димитар Ковачевски и јас. Во моментов се исполни се она што го договоривме. Се е исполнето, немам причина да не му верувам, појаснил Петков, пренесува БГНЕС.