Петков: Гоце Делчев ги прави горди и Македонците и Бугарите

од Nikola Popovski

Денеска одбележуваме 150 години од раѓањето на еден од најсветлите умови во нашата историја бугарскиот револуционер Гоце Делчев, стои во честитката на бугарскиот премиер Кирил Петков, објави тамошната влада.

Според него, тој е еден од симболите на борбата за слобода, идеолог на македонско-одринското револуционерно ослободително движење.

-Гоце Делчев е составен дел од нашата заедничка историја со луѓето од Северна Македонија. Тој е еден од личностите кои ги прават горди и двата народа, додава Кирил Петков.

Слични содржини