Кирил Петков и Румен Радев ќе патуваат за Франција каде ќе остварат средба со претседателот Емануел Макрон.
Бугарските медиуми пишуваат дека токму Франција ќе биде гаранцијата дека РСМ ќе ги исполни барањата како внесување на Бугарите во Уставот и справувањето како што велат тие со говорот на омраза.
Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ смета дека напредок во евроинтеграциите е нужен за земјите од Западен Балкан и оти сега е време за брза евроинтеграција на регионот.
Маричиќ, верува дека и покрај воената криза во Украина, Западен Балкан мора да остане во фокусот на ЕУ, бидејќи тоа е од геостратешки интерес и на Унијата.
– Време е за брзи интервенции во евроинтеграциите и поправање на грешките од минатото. Војната во Украина е последно предупредување за Унијата за ризикот кој го презема оставајќи го овој регион неинтегриран, порача вчера Маричиќ, на годишниот Самит на демократија во Југоисточна Европа, што се одржува во Будва, Црна Гора.