Ние не зборуваме против Русите. Ни се допаѓаат многу руски музичари, поети, луѓе од различни културни кругови и немаме ништо против нив. Нашиот вистински проблем е со Путин. Треба да направиме разлика помеѓу режимот на Путин и традиционалните пријателски односи со Русите, изјавил бугарскиот премиер Кирил Петков во интервју за романската телевизија Диги 24 ТВ.
Според бугарскиот премиер, Бугарите треба да сфатат дека НАТО не е во Бугарија, туку дека „Бугарија е НАТО“.
Петков ја коментирал и темата околу ветото за С. Македонија на патот кон ЕУ.
Тој бил запрашан што ќе се случи со односите со Скопје доколку неговата влада падне, на што Петков одговорил: „Јас не можам да бидам одговорен за ништо во овој случај. Решив дека иднината на Северна Македонија и Албанија мора да биде во ЕУ – тоа е добро за регионот“, пренесува бугарски „Блиц“.