Премиерот на Бугарија, Кирил Петков на денешниот прес заедно со германскиот канцелар Олаф Шолц, рече дека Бугарија и Германија секогаш гледале на Западен Балкан во насока на пристапување во ЕУ, но очекува да бидат исполнети условите.
„Во моментов Бугарија има три главни приоритети, за кои ЕУ мора да биде дел од гаранцијата за да има чекори напред – преку европскиот процес да обезбедиме вклучување на Бугарите во Уставот на Северна Македонија. Во исто време ние имаме рамковна позиција и Договор за добрососедство. Значи секое решение мора да ги вклучи овие три приоритети. ЕУ може да даде потенцијални можности да има европски гаранции дека тоа се случува, така што ние продолжуваме да работиме како влада во рамките на постојната рамковна позиција и Договорот за соседство“. – изјави Петков.
Ова е прва билатерална посета на канцеларот Шолц на Бугарија. Тој претходно ги посети Косово, Србија, Грција и Република Северна Македонија.