Петков ќе опстане, најнепосакувана варијанта се нови избори во Бугарија, вели Бучковски

од Nikola Popovski
301 прегледи

Провокацијата што поранешниот претседател на Бугарија, Росен Плевнелиев ја прави кон актуелниот Румен Радев е насочена кон тоа дека во вакви околности, поради поддршката што ја има, Радев е токму тој што може да помогне на Петков и Василев. Радев е подоследен во својата политика. Тој беше креаторот во создавање на атмосферата за Декларација во Собранието, свикувајќи ги претставниците на нивната историска комисија. Тој како да ја наметна дебатата во Собранието дека треба да се одговори на неисполнувањето на Договорот од страна на Македонија. Мислам дека Петков во нашите очи го гледаме поинаку, кога сфаќаме дека се што правеше, го правеше ова да не се случи, вели поранешниот специјален претставник на Владата за Бугарија, Владо Бучковски за последните случувања бугарската политичка сцена во однос на спорот со Македонија.

Бучковски тврди дека од самиот почеток не функционира бугарското МНР со Кабинетот на Петков.

-Сепак сметам дека владата на Петков ќе опстане. Се надевам дека, сепак, ќе стигне до потребната бројка на пратеници со кои ќе може да го обезбеди потребното мнозинство. Најнепосакувана варијанта за мене е распуштање на парламентот и Бугарија да оди на нови избори. Тој притисок за да се најде решение и да се поддржи владата на Петков ќе биде се посилен. Имаат на дневен ред 22 закони, од кои им зависи помошта од ЕУ за справување со пост-кризите. Станува збор за над 2 милијарди евра. Ако Собранието се распушти, ќе дојде до голема криза, рече поранешниот премиер во емисијата „Топ тема“.

Слични содржини