Петков: Ковачевски да собере храброст и да го поддржи предлогот, макар тоа да значи паѓање на Владата

од Nikola Popovski
251 прегледи

Бугарскиот премиер во заминување, Кирил Петков побарал од македонскиот премиер Димитар Ковачевски да го прифати францускиот предлог за кревање на ветото и решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија.

Петков истакнал дека Ковачевски треба да покаже „храброст“ и да го поддржи договорот.

„Знам дека е голем ризик за да падне владата. Како политичар треба да се одлучи, која е мојата цел на ова место? Дали мојата цел е да бидам стабилен? Или мојата цел е да ја водам нацијата, да направам чекор напред, кој што не би бил комфорен. Мислам дека тоа е одлуката што сега треба да ја донесе Димитар Ковачевски. Да бев на негово место, немаше ни два пати да размислам. Ако може да влезе во историјата со отворање на вратата за Северна Македонија во ЕУ, мислам дека тоа е добро достигнување за еден премиер. Но, потребна е храброст“, потенцирал Петков во денешното интервју за „Политико“.

Слични содржини