Петков: Многу ми се допаѓа францускиот предлог

од Nikola Popovski
300 прегледи

Бугарскиот премиер во оставка, Кирил Петков вечерва изјави дека утре во 15 часот повторно ќе биде закажана Собраниската комисија за надворешни работи за да се разгледа францускиот предлог за решавање на спорот на релација Скопје-Софија.

-Утре ќе видиме колку денови по ред ќе го блокираат тој процес и да немаме реална дебата за реални прашања. Јас можам јасно да кажам што мислам за францускиот предлог. Тој многу ми се допаѓа бидејќи треба да се промени Уставот на Македонија пред да почнат со преговарачкиот процес. Тоа мислам е многу добро. Имаме јасен механизам за мониторинг на омразата и јасен протокол со сите наши барања. Тие се добри работи, рече Петков, откако му беше изгласана недоверба на неговата влада.

Слични содржини