Петков му ветил на Вархеји дека ќе го укине ветото за С.Македонија, тврди Генчовска

од Vladimir Zorba
220 прегледи

Премиерот на Бугарија, Кирил Петков вети дека ќе го укине ветото за преговорите на С. Македонија со ЕУ до крајот на француското претседателство. Ова се случило на средбата со еврокомесарот Оливер Вархеји, изјави министерката за надворешни работи на Бугарија во оставка, Теодора Генчовска.

„Ова беше моја прва средба со еврокомесарот Оливер Вархеји. На состанокот присуствуваа 7-8 луѓе од тимот на МНР и како и на сите состаноци, од оваа средба беше подготвен меморандум. Овој меморандум е отворен и го потврдува токму тоа што вие го поставивте во вашето прашање“, рече Генчовска, одговарајќи на прашањето дали Вархеји и кажал дека во разговорот со Кирил Петков на 17 февруари, бугарскиот премиер се обврзал дека ќе го укине ветото за РСМ до крајот на француското претседателство до крајот на јуни.

Слични содржини