Петков: Не можам сам да го кренам ветото за С. Македонија, тоа оди преку Собранието

од Nikola Popovski

Премиерот на Бугарија Кирил Петков ја нарече лажна веста дека сам се обврзал да го укине ветото на преговорите со Европската унија на Република Северна Македонија. Тој ја коментирал изјавата на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји дека очекува Бугарија да даде зелено светло за преговорите.

„Ако нешто ќе се случи на оваа тема, мора прво да се заснова во рамките на бугарското МНР, потоа да се информира владата, да се консултира владината коалиција, да влезе во парламентот, таму да се гласа и потоа да се преземат обврски. Така што процедурата е многу јасна, тоа се чекорите што треба да се следат“, рекол Петков пред новинарите.

„За три недели се враќам во Софија“, напиша на Твитер Вархеји по вчерашните средби со премиерот Кирил Петков, претседателот Румен Радев и министерката за надворешни работи Теодора Генчовска.

Вархеи посочува дека неговото враќање во Софија е да најде основа и поддршка од Бугарија за почеток на преговори со Република Северна Македонија и Албанија во јуни.

Слични содржини