Во Советот на министри се одржува брифинг по средбата на премиерот на Бугарија, Кирил Петков и еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји.
„Од утрово и во последните денови слушам секакви лажни тврдења дека бугарската влада имала две надворешни политики, сакам да им дадам јасно до знаење на бугарските граѓани и на комесарот Вархеји дека Бугарија има три јасни барања за напредок на Северна Македонија, рече Петков и додаде:
„Тоа беа нашите дискусии и порано и сега и работиме да видиме дали е можно ЕУ да биде гарант за овие три услови“.
Се уште нема решение, што е многу фрустрирачко за нас, бидејќи не можеме да продолжиме со пристапниот процес, рече пак комесарот Вархеји.
„Сè уште ја чекам поддршката од Бугарија и на тоа работиме со сите овие разговори што ги водев како овде во Софија, така и во Скопје, за конечно да се разјасни и зајакне европската перспектива за PCM. Би сакале да видиме договор да биде постигнат во јуни, затоа утрово се среќавам со премиерот и со министерот за надворешни работи, ќе се сретнам и со претседателот“, додаде Вархеји.