Петков побара од руската амбасада да не се меша во внатрешната политика на Бугарија

од Берта Китинска
241 прегледи

Бугарскиот премиер Кирил Петков остварил разговор со амбасадорката на Русија во Софија Елеонора Митрофанова, соопшти прес-центарот на бугарската влада.

Петков ја повикал руската амбасадорка во Бугарија да се придржува до општоприфатените норми за дипломатска комуникација и побарал таа да се однесува со должна почит и да не користи навредливи квалификации кон бугарските институции. Амбасадорката Митрофанова му се извинила на бугарскиот премиер.

На средбата со Митрофанова, Кирил Петков ја изрази и својата огорченост што во официјалната честитка до Бугарија на 3 март, руската амбасада во Софија ја спореди војната во Украина со ослободувањето на Бугарија во 1877-1878 година. Петков ја истакнал бугарската благодарност до рускиот народ за Ослободувањето, но дека не може да се потцени со споредби со денешната братоубиствена војна во Украина. Бугарскиот премиер инсистираше Амбасадата на Руската Федерација во Софија да не се меша во внатрешната политика на Бугарија, во согласност со меѓународните документи.

Тој ја поздрави намерата на руската амбасадорка отсега да биде конструктивена. Бугарскиот премиер повика на прекин на војната и враќање на дијалогот.

Слични содржини