Петков побарал објаснување од Ковачевски за искршените стакла и искинатите венци

од Берта Китинска
143 прегледи

Имав телефонски разговор со бугарскиот премиер Петков кој побара информации за два инциденти кои деновиве се случија во Скопје и Битола, истакна денеска премиерот Димитар Ковачевски.

-За искинатите венци на гробот на Гоце Делчев го информирав Петков дека МВР врши истражни работи, а за искршеното стакло во клубот во Битола му реков дека не е политички инцидент, туку инцидент мотивиран од приватни причини, рече Ковачевски.

Ковачевски додаде дека Министерството за надворешни работи ги продолжува преговорите на 10 и 11 февруари ќе имаат средба на која ќе се разговара за отворените политички прашања меѓу двете земји.

– Доколку се постигне напредок, прифатлив за двете страни врз основа на европски вредности и почитување на двете страни, како на државите, така и на граѓаните, тогаш МНР тоа ќе го соопшти на ист начин како што министерот за надворешни работи имаше обраќање во Комисија за надворешни работи, од неколку часа, каде ги образлагаше основните поставки на разговорите што се водат, изјави премиерот.