Петков потрошил 9000 евра за вечера со Ковачевски

од Nikola Popovski
167 прегледи

Поранешниот премиер на Бугарија, Кирил Петков потрошил 18.002,70 лева (околу 9000 евра) за официјална вечера со премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски при неговата посета на 24.01.2022 година.

Ова го посочува извештајот на Дирекцијата „Административно-правна дискусија и управување со имотот“, предвиден со Законот за пристап до информации од јавен карактер, објави бугарски „Епицентар“.

Многу „поскромни“ биле официјалниот ручек во чест на сојузниот канцелар на Германија, Олаф Шолц, за кој биле потрошени 3.603 лева (1800 евра) и вечерата со премиерот на Холандија, Марк Руте-3.660 лева (1830 евра).

Според информациите со кои располага „Епицентар“, Кирил Петков во седумте месеци од неговото присуство на чело на извршната власт во Бугарија не покажал никаква лична штедливост во однос на државните пари. На сметката на премиерот само за консумирање кафе, минерална вода, бонбони и овошје е запишана сума од 26.116,96 лева.

Слични содржини