282
Бугарскиот премиер Кирил Петков пристигна во земјава, по што се упати кон зградата на Владата.
Тој пред зградата на Владата на „Илинденска бр.2“ беше пречекан од македонскиот премиер Димитар Ковачевски и со највисоки државни и воени почести.
Двајцата премиери ќе имаат тет-а-тет средба, по што и заеднички состанок на двете делегации.
Петков е придружуван од министерката за надворешни работи Теодора Генчовска, заменик-спикерот Кристијан Вигенин и бугарскиот министер за транспорт и врски.
Петков ќе има посебни средби и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и претседателот на Собранието, Талат Џафери.
За околу пладне е најавена заедничка прес-конференција меѓу двајцата премиери.