Петков: Присуството на македонската министерка за култура на гробот на Делчев е гаранција за високо ниво

од Nikola Popovski
195 прегледи

Политичарите и владата, а не историчарите, решаваат дали Мешовитата историска комисија ќе продолжи да работи, вака бугарскиот премиер Кирил Петков го коментираше предлогот на македонскиот копретседавач со Комисијата за историски и образовни прашања проф. Драги Георгиев за замрзнување на работата на ова тело.

-Политиката ја водат политичари, а не експерти. Ние поставивме јасна политичка рамка во нашите дискусии, имаме јасен став на бугарската влада, во Македонија има исто така. Така што овие работи не ги решаваат експерти. Тоа се решава на ниво на министри и премиери, потенцира Петков.

Петков изјави дека присуството на македонската министерка за култура на заедничкото чествување е гаранција за високо политичко ниво.

-Ниво на министер – тоа е прилично високо ниво, откако бил запрашан од тамошните новинари, зошто некој од повисоките владини лица или претседателот Пендаровски не се дел од заедничкото чествување на 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.

Слични содржини