Петков: Се очекува компромис меѓу Софија и Скопје за две значајни историски личности

од Nikola Popovski

Бугарија не ветила конкретен датум за укинување на ветото за почеток на преговорите за членство на Република Северна Македонија во ЕУ, изјави денеска бугарскиот премиер Кирил Петков во Благоевград.

„Тоа не функционира со календар“, рече премиерот по повод споменувањето на конкретен датум за укинување на бугарското вето за пристапување на Република Северна Македонија во Европската унија.

Сепак, Петков беше дециден дека има многу сериозен напредок во дијалогот.

Тој пред новинарите во Благоевград потврди дека очекува наскоро да биде објавен компромис меѓу Софија и Скопје за две значајни историски личности.

„Историската комисија е единствената која може да им даде отчет на двете влади за кои од историските личности се договориле и кој од историските факти сега може да биде прифатен како заеднички. Затоа очекувам историските комисии наскоро да излезат. Колку што знам, напредокот е огромен“.

За резултатите од пописот во Република Северна Македонија, според кои само 3504 граѓани во земјава се изјасниле како Бугари, Петков коментира:

„Единствениот начин да има вистински пописи, кои ќе ги почитуваат сите Бугари во Република Северна Македонија, е кога бугарските права ќе влезат во колективните права на Уставот. Најверојатно на следниот попис ќе има посебна колона каде што може да се каже „бугарин. Не е таму во моментов, но треба да работиме заедно за да го промениме тоа“.

Слични содржини