187
Време е ние заедно да ги решиме овие прашања, без ничија помош. Способни сме како две земји, вели бугарскиот премиер Кирил Петков во интервју за „360 степени“.
Според него, не се потребни посредници меѓу Македонија и Бугарија.
– Мислам дека со политичката култура и спремноста да имаме добрососедство и конструктивност во сите теми, не ни требаат посредници. Треба ние да си ја завршиме работата и на тој начин секој од нас ќе биде многу поубеден кога знаеме дека тоа е резултат на нашите напори меѓу двете страни. Нема смисла да внесуваме посредници, ние најдобро си ги разбираме проблемите и ние имаме најголема полза од нивно решавање, смета Петков, пред неговата утрешна посета на Скопје.