Петков: За 60 дена ќе имаме авиолинија Софија-Скопје

од Nikola Popovski
242 прегледи

Премиерите на Бугарија и Северна Македонија ги истакнаа главните приоритети за двете земји во периодот 2022-2029 година.

-Го нацртавме точниот календар. Се фокусираме на сите заеднички можности за збогатување на нашите односи, рече бугарскиот премиер Кирил Петков на заедничкиот брифинг со македонскиот колега Димитар Ковачевски.

Петков најави дека следната средба со Македонија ќе се одржи на 25 јануари, по што ќе има заедничка владина седница.

Петков исто така најави дека работните групи ќе се состануваат секоја недела.

-Добрососедството отсега ќе се мери во чекори и реално постигнати резултати. Авиолинијата Софија-Скопје ќе биде реалност. Точните спецификации ќе ги имаме за 30 дена, а во рок од 60 дена оваа линија ќе профункционира, информира Петков.

Тој нагласи дека го почитува самоопределувањето на сите граѓани на Северна Македонија. Петков изрази надеж дека кога историската комисија ќе биде една од петте, придобивките од заедничката работа ќе бидат во поинаква средина – средина на добар дијалог и конструктивна акција.

Слични содржини