Петкова за „Локално“: Доколку тестот не биде официјално негативен, ќе дојдам со скафандер во Собранието

од Nikola Popovski
1,1K прегледи

Да, јас сум позитивна, но сум со лесни симптоми и самоиницијативно сум во изолација од 01.11.2021. Но официјално се водам од 05.11. 2021, вели во изјава за „Локално“, пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ангелинка Петкова, во пресрет на гласањето недоверба на Владата во Собранието, во четврток.

Таа информира дека „пред да дојде во Собранието ќе направи уште еден тест со што ќе ја потврди нејзината здравствена состојба, но сепак мисли дека тестот ќе биде официјално негативен“.

-Но ќе ги почитувам протоколите кои ги донесе Комисијата за здравствена заштита од 18.04.2021 затоа што така треба да се однесуваат пратениците болни од Ковид 19 во Собранието. Инаку се чувствувам цело време добро и сум изолирана во домашни услови, истакна Петкова.

Гласањето во скафандери во Собранието не е ново. Бисера Костадиновска Стојчевска од СДСМ и Мирослав Богдановски од ДОМ беа пратениците кои во април дојдоа во Собранието за да го гласаат петтиот пакет економски мерки за справување со пандемијата.

Непостапување според здравствените прописи и протоколи во време на пандемија според член 205 и 206 од Кривичниот закон се казнува со парична казна или со затвор до една година.

Слични содржини