288
Директорот на Канцеларијата за Косово, Петар Петковиќ, утрово изјави дека последните брутални напади и конфронтација на полицијата на Курти со Србите покажуваат дека се работи за синхронизиран напад врз Србите и јужно и северно од реката Ибар.
Петковиќ за Пинк изјави дека Белград за се ги информирал сите меѓународни претставници, вклучително и Мирослав Лајчак, барајќи од КФОР и ЕУЛЕКС да реагираат и да го заштитат српскиот народ.
Тој оцени дека се што се случува е срам за меѓународната заедница која му дозволила на Албин Курти да се изживува над српскиот народ.