Петковски: „Бегството“ на Мијалков за мене беше шоу

од Берта Китинска
320 прегледи

Политичарот  Тито Петковски во емисијата „Само Вистина“ го искоментира „бегството“ на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

-Уживав во тоа шоу, јас викендов престојував во Псача и во понеделникот прегледувајќи ги вестите прочитав дека не може да го најдат Сашо Мијалков и јас во тој момент и реков на сопругата ајде да одиме во Скопје, зошто Мијалков се слуша и гледа па да не се сокрил во нашиот стан, па после ја да си имам проблем. Ова го велам како вовед дека по овој случај видов дека нашата нација има духовно богатство оние прекрасни идеи на Твитер и Фејсбук покажуваат дека ние сме витален народ. Би било добро кога би можеле цело тоа духовно богатство како држава да го трансформираме во креативни цели и да се вградат сите тие умни луѓе, вели Петковски.

Слични содржини