Петковски: Бугарија сега е нашиот отворен и единствен непријател

од Nikola Popovski
239 прегледи

Поранешниот лидер на НСДП и поранешен претседател на Собранието, Тито Петковски смета дека има голем јаз меѓу политичките партии во земјава.

-Ние никогаш не сме ставале во преден план за да преговараме за суштествените прашања од интерес за државата. Кога се зборува за промена на Уставот, се создаде една атмосфера која Бугарија ја наметна. Тоа беше агресивен и примитивен настап. Не се кријам да кажам дека Бугарија е сега нашиот отворен и единствен непријател. Не ни го признаваат јазикот, не ни го признаваат, не ни го признаваат етничкото потекло… Оние кои го поддржуваат и СДСМ и ВМРО се доближуваат со ставовите дека не сакаат да се покрене иницијативата за промена на Уставот, рече Петковски синоќа во вестите на Тв Сител.

Според него, бугарските политичари мораат да признаат дека Бугарија во 1941 година беше со „Хитлер и тројниот сојуз, а сега тоа се негира“.

-Тоа треба да се признае и треба извинување, додаде Петковски.

Слични содржини