278
Бугарија игра крајно деструктивно и ја довeдува до прашање самата смисла на постоењето на ЕУ,делува како некое галениче во ЕУ, и мислам дека таа е и брука за Европската Унија, вели Тито Петковски, поранешен претседател на Собрание во „Студио 10“
Според него ЕУ има механизми да ги дисциплинира своите членови, а најдобар пример за тоа е Полска .
-Сметам дека во овој момент во Бугарија има поволна клима, sо самите изјави на двајцата можни нови премиери. Се формира сосема друго опкружување и тој притисок од САД не ќе може да се издржи, а Бугарија во моментов се однесува како лошо дете во ЕУ и крајно некоректно кон Македонија, вели Петковски.