Петковски: Ковачевски „јавна“ на десничарскиот бран

од Берта Китинска
249 прегледи

Дебатите изминатите денови беа хистерични, не квалитетни, емотивни…клучноста за таквите дебати беше слабоста на Ковачевски и слабоста на СДСМ, вели аналитичарот Љупчо Петковски во „Вин Вин“.

-СДСМ се чувствуваат политички сардисани од сите страни, поради еден куп причини, и замислете тоа е Владата која успеа да го истера процесот со Грците со промена на Уставот, и со недостаток на двотретинско мнозинство докажаа дека можаат да туркаат такви процеси. Но, сега гледам сосема друго лице, една истрошеност. Во овој случај Ковачевски како да „јавна“ на популистичкиот бран на недоверба, типично десничарски бран наместо да стане предводник на некојa разумна позиција, вели Петковски во врска со денешното одбивање на францускиот предлог од страна на премиерот.

Слични содржини