244
Поранешниот лидер на НСДП и поранешен претседател на Собранието, Тито Петковски смета дека „Левица повеќе штета ѝ прави на ВМРО-ДПМНЕ“.
-Прават анализи на сите нивни настапи и едноставно се доближија. Политичкиот маркетинг е близок до нашиот млад човек. Сама се прилепи. Коалицирањето на Левица со ВМРО-ДПМНЕ направи идентификација на Левица со ВМРО-ДПМНЕ. Жестината со која ја напаѓаат власта е поголема од ВМРО-ДПМНЕ. Се гледа по ставовите на клучните прашања. Тие се многу блиску, што не е својствено. Левица и СДСМ треба да бидат многу поблиски идеолошки. Ако ја гледате програмата, тоа е сосема друга партија и партија која е многу блиску до Сојузот на комунистите, рече Петковски во емисијата „Само вистина“.