Петковски: Мисовски не сака програма да прави, не сака да се натпреварува, само сака да биде претседател на НСДП

од Берта Китинска
355 прегледи

На самиот старт со отворањето на постапката за избор на нови раководства, групата од десет членови на чело со Горан Мисовски и Соња Мираковска и сите останати функционери што се на листа на НСДП на сите државни функции, зазедоа став дека на партијата не и требаат повеќе кандидати, што е спротивно на програмата на партијата, изјави во Утрински брифинг Тито Петковски.

Според Петковски пресвртот во партијата се должи на заддржување на функциите и привилегиите.

-Тука не станува збор за внатрепартиска демократија и натпревар со програми. Од самиот старт оваа група зазема став дека не треба да има повеќе кандидати и дека Горан Мисовски треба да биде единствен, вели Петковски.

Петковски изрази жалење што младите сили на партијата нема да добијат шанса да ја претстават својата програма и ставови. Според него Мисовски дури и одбил дуел со противкандидатот Кристијан Трајковски, што сега веќе не е можно.

-Горан и Соња никогаш нема да гласаат за раскинување на коалицијата. Перцепцијата за него во јавноста е дека тој треба да биде претседател. Но требаше Мисовски и Трајковски да ги соочат програмите зошто имаат крупна разлика во концепциите,Горан не сака да се натпреварува на медиумите, не сака да прави програма, сака по секоја цена да биде претседател, јас нема никава вина, созаддов просто сењкоја да се кандидира, кажа Петковски.

Конгресот е закажан за 4 јуни.

Слични содржини