Во овој момент алармот ја крена совеста на членките на ЕУ. Не случајно дојде холандкиот премиер Руте. Самото негово присуство покажа дека нешто позитивно се случува во ЕУ, но секако се и исплашени да не тргне работата на друга страна. Ако не добиеме датум на отпочнување преговори ќе има повторно разочарување, но ЕУ се мобилизира, коментира поранешниот претседател на Собранието и пратеник Тито Петковски во Утрински Брифинг.
-ВМРО-ДПМНЕ цело време зборуваа дека ќе го укинат Преспанскиот договор дури и дека и Рамковниот договор ќе го преразгледаат, а тоа би предизвикало хаос. Мислам дека итноста од ново парламентарно мнозинство е оправдана и мислам дека сме на пат да составиме ново, посилно, постабилно и поголемо парламентарно мнозинство, изјави Петковски.