Повикот за Али Ахмети во Хаг не е случаен, ниту нивното ретерирање од барањето за Албанец премиер.
И Шешељ го викнаа како сведок во Хаг па остана како обвинет, вели Тито Петковски во Само Вистина на Канал 5.

-Евидентно е дека омекнувањето на ставот на ДУИ во однос на барањето за Албанец премиер не е направено по самостојна одлука во Мала Речица, туку со интервенција од надворешни фактори, смета претседателот на НСДП и поранешен претседател на Собранието.
Петковски вели формирањето ново парламентарно мнозинство нема да биде лесно, но очекува за скоро нова Влада.