Петковски: Забраната за прелет на Лавров е политика

од Nikola Popovski
357 прегледи

Мора да има политика. Целиот живот е организација на политика. Мислам дека ниту една земја нема да биде заобиколена во оваа ситуација. Ова е глобална војна и симболичен почеток на Трета светска војна. Умира еден период од глобализација и тие последици ги чувствува и Македонија, вели поранешниот претседател на Собранието, Тито Петковски како одговор на прашањето како ја коментира забраната за прелет на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров над воздушниот простор на Македонија.

Според Петковски, САД и Русија со години сакале да пенетрираат на Балканот.

-Многу интереси се прекршуваат на Балканот. Ова е јасно ставено до знаење дека Русија не се откажува. Сега се чини сѐ за да не се случи и второто групирање во насока на ЕУ и целиот Западен Балкан да се интегрира. Oвој регион е интересен за сите. Глобалната поделба отсекогаш била овде да доминираат САД, отколку Русите. Традиционално добрите односи на Србија со Русија, ширум ги отвори вратите за интервенција на Руската федерација, што за нив се покажа како правилна ориентација, додава Петковски во гостувањето на емисијата „Само вистина“.

Слични содржини