Петличковски: Доколку бидеме каснети од крлеж, треба што побрзо да побараме медицинска помош

од Stefanija Kuzmanovska
366 прегледи

Доколку се случи да бидеме каснети од крлеж, треба што побрзо да побараме медицинска помош, а не да се обидуваме самите да ја завршиме работата дома, изјави вечерва на Сител претседателот на Комисијата за заразни болести Александар Петличковски.

„Последната сериозна епидемија со конго-кримска хеморагична треска, се случила во 1971 година. Значи, многу одамна. Изминатите неколку години има еден пријавен случај, кој не завршил во болница, лабораториски потврден случај, се работи за прилично ретка состојба“, рече Петличковски.

Тој истакна дека болеста може да биде многу тешка во голем број случаи.

„Кај голем дел болеста ќе помине без симптоми. Кај оние кај кои ќе се јави температура во првите неколку денови, има шанси во 40 отсто од нив, да прогресира болеста и да заврши фатално. Се работи за сериозна болест“, потенцираше Петличковски.

Се осврна и на лекот „рибавирин“.

„Комплетно е погрешно да се дава лекот, на пример, за превенција, ако лицето знае дека било во контакт со сомнителна личност, да го прими превентивно, не постои такво нешто. Се знае точно кога тој треба да му се даде на пациентот“, нагласи Петличковски.

Сите крлежи, додаде, не се заразни.

На прашањето дали може да се заразиме со болеста преку домашни миленици, тој одговори дека тоа е реткост.

Слични содржини