259
Докторот Александар Петличковски од Институтот за имунобиологија за емисијата „Студио 10“, истакна дека скептицизмот за вакцините полека се намалува.
„Бројките за пофалба се 100 дози на 100 луѓе. Бројката од 30.000 не е голема бројка. Ние немаме ни 1,5 од населението покриено. Сепак вакцинацијата е подолго траен процес, а ефект ќе видиме кога убав процент од населението, односно 15-20 посто од населението ќе ги добие двете дози или барем месец дена поминати после првата доза. Тогаш можеме да сметаме на колективен имунитет како значајна помош во борбата против пандемијата“, потенцира докторот.