Петличковски: Ги оправдувам рестрикциите за невакцинирани

од Vladimir Zorba
801 прегледи

Рестриктивните мерки повеќе даваат резултат, а тие значат забрана за посета на затворени простории, задолжително тестирање на трошок на оној кој не се вакцинирал, лекување во случај на заболување на трошок на тој кој не се вакцинирал. Јас ги оправдувам сите вакви мерки, коишто ќе ја зголемат стапката на вакцинација, бидејќи според сите научни докази вакцинацијата е најјасниот излез од кризата, вели доктор Александар Петличковски од Институтот за имунобиологија за РСЕ.

Вели дека опуштањето има влијание на зголемувањето на бројките, а уште повеќе имаат влијание условите надвор, во зимски услови кога повеќе време поминуваме на затворено, е очекувано и сите практично очекувавме зголемување на бројките.

– Но да, имавме значително опуштање, бидејќи кон крајот на летото имавме одлична ситуација. Исто така и вакцинацијата не ја завршивме така како што би требало да ја завршиме, така што оставен е голем простор на вирусот и тој тоа го користи овие денови, вели Петличковски.

Слични содржини