380
„Вчера и денес се менува целата работа околу вакцинацијата кај нас. Луѓето се задоволни што се вакцинираа. Организацијата тече убаво и со овој и поголем интензитет ќе напредуваме на ова поле“, вели доктор Александар Петличковски од Институтот на имунобиологија за емисијата „24 анализа“.
Според него, тој очекува вакцинацијата да продолжи со уште поголемо темпо и покрај големиот број скептици и антиваксери.
„Како во Србија, така и кај нас има антиваксери, па дури и луѓе кои не веруваат во короната. Како ќе одминува времето, ќе стане јасно дека пофункционален пат и решение за излез од кризата не постои“, посочува Петличковски.