„Тие што ја прележале болеста да причекаат 6 месеци пред да се вакцинираат и потоа би требало да примат само една доза, барем натаму оди размислувањето во Европа“, вели директорот на Институтот за имунобиолигија, д-р Александар Петличковски за емисијата „360“, додавајќи дека во овие први шест месеци тие имаат многу солиден имунитет.
Тој наведе дека е невозможно да имаме во земјава околу 115 реинифицирани со коронавирус, бидејќи тоа е многу редок случај и во светски рамките се регистрирани десетина случаи.
„Теоретски реинфекцијата е можна, но тоа е толку многу редок настан што нема шанси во Македонија да има толку случаи на реинфицирани. Тоа би значело дека од околу 100 илјади заразени, околу 10 отсто имаме реинфицирани и дека никогаш нема да излеземе од кругот на пандемијата, а тоа не е случај“, истакна докторот.