Петличковски: Вакцинацијата против сезонски грип се одвива во најдобар ред, пројавиле интерес над 30 илјади граѓани

од Nikola Popovski
209 прегледи

Претседателот на Комисијата за заразни болести, проф.д-р Александар Петличковски во изјава за медиумите информираше дека денеска започна вакцинацијата против сезонски грип и се одвива во најдобар ред.

-Ги следиме препораките од Светската здравствена организација за почеток на вакцинацијата во октомври. Би било убаво годинава да забележиме пораст на опфатот со што би се приближиле до препораката од СЗО за опфат од 75 проценти, посочи проф. Петличковски.

Обезбедени се 60 илјади дози од четиритипната вакцина.

-Во моментот на северната хемисфера доминира инфлуенца тип А. Очекуваме вакцината да ги покрие циркулирачките варијанти. Засега има добар одзив, веќе над 30 илјади граѓани пројавиле интерес да се вакцинираат, истакна проф. Петличковски.

Слични содржини