Петмина охриѓани украле 14 велосипеди

од Milan1

Поради постоење основи на сомнение за сторени пет кривични дела „тешка кражба”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.Д.(21) и уште четири малолетни лица на возраст од 15 години, сите од Охрид.

Пријавените, тешките кражби ги извршиле од 21.06.2021 до 17.11.2021 година на разни локации во Охрид, кога во згодни прилики одзеле 14 велосипеди. На тој начин, тие се стекнале со противправна имотна корист во вкупна вредност од 206.000 денари.

Слични содржини