Петмина повредени при истекување на гас во зградата на судот во Измир

од desk2
122 прегледи

Пет лица се повредени денеска при истекување на гас во судската палата во турскиот град Измир.

Зградата е евакуирана, објави турската телевизија НТВ.

Петмината се пренесени во болница, а еден од нив се наоѓа во критична состојба.

Пред зградата на судот пристигнаа голем број амбулантни возила.

Засега се отфрлаат информациите за евентуална саботажа, соопшти полицијата.