Петмина повредени во тешка сообраќајка во центарот на Скопје кај Собранието

од Nikola Popovski
535 прегледи

Пет лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила синоќа во центарот на Скопје, на крстосницата кај Старата градска болница и Собранието.

Вчера во 21.15 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на крстосница од ул.„11 Октомври“, ул.„Даме Груев“ и ул.„Филип Втори Македонски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски таблици, управувано од А.Н.(18) од Скопје, и патничко возило „бмв“ со чешки национални ознаки, управувано од Т.К.(24) од Струга.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од патничкото возило „бмв“ С.Ј.(20) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и уште две сопатнички од возилото „фолксваген голф“ А.Ф.(20) и М.Р.(19), двете од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, соопшти МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Слични содржини