Петмина играчи ги продолжија тренинзите со главната група играчи на Манчестер Јунајтед, официјално соопштија од клубот. Ова се случува неколку дена пред пресметката со Нотингем Форест во 30. коло од Премиер лигата следната среда.
Лук Шо, кој долго се опоравува повреда, повторно има можност да тренира со своите соиграчи, откако последен пат го носеше дресот на тимот на 1 декември на натпреварот против Евертон. Закрепнаа и двајцата централни дефанзивци Хари Мегваер и Лени Јоро, како и двајцата голмани Том Хитон и Алтај Бајандир, кои се опоравуваа од повредите пред репрезентативната пауза.
Уште еден долгорочно повреден играч, Мејсон Маунт, исто така се врати пред околу две недели. Ова е одлична вест за Рубен Аморим пред решавачкиот дел од сезоната.
„Црвените ѓаволи“ имаат седум натпревари за играње во април, вклучувајќи го и четвртфиналето од Лига Европа против Лион.