Петмина ранети – оружен напад во една од најголемите воени бази во САД

од desk2
24 прегледи Фотографија: Стоп-кадар од видео

Петмина војници се ранети денеска во оружениот напад што се случи во една од најголемите воени бази во САД – Форт Стјуарт во сојузната држава Џорџија.

Не се откриваат речиси никакви детали, само се знае дека напаѓачот „е блокиран“ во 11.04 часот (17.04 часот по балканско време). Соопштено е само дека напаѓачот е уапсен, повеќе не е закана, а петмина луѓе биле повредени.

Според официјалните информации, во базата живеат повеќе од 10.000 луѓе – војници, членови на нивните семејства, цивили вработени од армијата и нивните семејства.