(ВИДЕО) Петмина загинати и 39 повредени во експлозија и престрелка во Дијарбекир

од desk3
88 прегледи

Image_5231832_126

Најмалку пет лица, вклучувајќи и едно дете, загинаа, а 39 лица се повредени во експлозија на бомба пред полициска станица во турскиот град Чинар, провинција Дијарбакир. Локалните медиуми објавија дека автомобил-бомба експлодирал на влезот на зградата, по што напаѓачите почнале напад со проектили.

По експлозијата избувнале судири со полицијата, при што се убиени најмалку 8 напаѓачи.

Кадрите од местото на експлозијата зборуваат за масивна експлозија која уништи целата предна фасада на неколкукатна полициска станица.

Властите ја наведуваат Курдската работничка партија (ПКК) како најверојатен сторител на нападот.

Во медиумите се појавија информации дека напаѓачи извршиле серија напади и во други турски градови, но се уште нема официјална информација или потврда.