Петнаесет месеци затвор за возачот кој ја прегази Верица Белчовска

од Берта Китинска
207 прегледи

15 месеци затвор доби возачот И.Ч. (18) од Струмица кој ја прегази Верица Белчовска (20) од беровско Русиново.

Обвинетиот И.Ч. во Основниот суд во Струмица ја признал вината за стореното дело, а казната на момчето му е изречена за сторени кривични тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода.

Сообраќајната несреќа се случи на 7 април, годинава на булеварот „Ленинова“ во Струмица во 19:40 часот, кога момчето кое возело автомобил марка „нисан“ удрило во Верица која преминувала на пешачки премин. Возачот избегал од местото на несреќата, а подоцна, истиот ден, сам се пријавил во полициска станица.

Срцето на Верица која ја заврши борбата за живот по сообраќајната несреќа, продолжи да работи и да живее во телото на 22 – годишно момче чиј живот поради срцева болест беше во опасност.

Слични содржини